Учесниците побараа правда за сите претходни жртви во сообраќајни несреќи. Се бараат суштински промени во системот и ригорозни казни за несовесните возачи














Третиот протестен марш за правда за младата дизајнерка Фросина Кулакова денеска беше одбележан со триминутен молк и ѕвездено небо.
Учесниците побараа правда за сите претходни жртви во сообраќајни несреќи. Се бараат суштински промени во системот и ригорозни казни за пијаните возачи.
„Светлината сега да им го осветли патот на пијаните возачи и сите корумпирани во нашите институции“,
е пораката која ја испратија стотици демонстранти пред Апелацискиот суд во Скопје.
Стотици граѓани излегоа на маршот во чест на починатата млада дизајнерка Фросина Кулакова која на 29 јануари годинава беше прегазена.
Повеќе фотографии од објективот на „360 Степени“ се достапни на нашата фејсбук-страница.