Со посебни дозволи за движење, активисти за правата на животните и за време на полицискиот час се грижат за бездомните кучиња.


Трите часа, колку што им беа на располагање за денеска, група активистки од организијата „Кане Корзо“ ги искористија за да посетат повеќе локации во Скопје.


За сите бездомни кучиња оставија храна и вода, а за оние кои имаат потреба од здравствена нега, носеа и лекови.

„Ги замолуваме сите што имаат можност и желба да помогнат, да се јават до нашето здружение, да ни излезат во пресрет барем овие неколку дена да ги сместиме животните додека не им најдеме дом“,
апелира aктивистката Ивана Мишева.


Во Скопје во моментов нема градска служба која се грижи за бездомните животни. Како функционира градот додека се чека да проработи новиот стационар и кои се предизвиците во вонредната состојба, гледајте во утрешното издание (понеделник, 27 април) на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат од 22 часот.