Поради растечкиот бран на епидемијата со ковид-19, фраанцуската Влада подготвува можни ограничувања за Французите до пролетта 2021
Националното собрание на Франција, со 71 глас „за“ и 35 „против“ при прво читање го усвои продолжувањето на вонредната здравствена состојба во земјата до 16 февруари 2021 година, јави МИА.
Предлог-законот ќе биде на дневен ред на Сенатот од среда и се очекува конечно да биде усвоен на почетокот на ноември.
Поради растечкиот бран на епидемијата со ковид-19, фраанцуската Влада подготвува можни ограничувања за Французите до пролетта 2021
Вчера, Франција ја надмина границата од над еден милион заболени, со тоа што само во последните 24 часа се регистрирани 45 422 нови случаи. Бројот на починати исто така се зголеми со нови 138 смртни случаи за 24 часа (наспроти 298 лица претходниот ден).
Стапката на позитивни од бројот на тестирани секојденвно растеи сега изнесува 16%, наспроти 15,1% претходниот ден, и само 4,5% на почетокот на септември. Министерот за здравство Оливие Веран очекува зголемување на бројот на случаи со потешки симптоми и на бројот на смртни случаи во наредните недели.
Две третини од Французите или 46 милиони, сега се опфатени со ноќниот полициски час воведен во 54 области и Полинезија за да се спречи ширењето на вирусот, од кој досега починаа повеќе од 34 500 луѓе во земјата.