Ле Пен, нејзината партија Национален митинг и уште 24 луѓе, меѓу кои и сегашни и поранешни пратеници и европратеници, се обвинети за незаконско користење на средствата на Европскиот парламент за плаќање на парламентарните асистенти, што тие го негираа, пишува „Политико“
Јавен обвинител синоќа побарал лидерката на француската десница Марин Ле Пен да биде прогласена за виновна за проневера, да биде осудена на затвор и да ѝ се забрани да се кандидира за јавна функција, вклучително и за претседател на Франција во следните пет години.
Ле Пен, нејзината партија Национален митинг и уште 24 луѓе, меѓу кои и сегашни и поранешни пратеници и европратеници, се обвинети за незаконско користење на средствата на Европскиот парламент за плаќање на парламентарните асистенти, што тие го негираа, пишува „Политико“.
Обвинителите сакаат Ле Пен да добие најстрога казна истакнувајќи дека таа била и член на Европскиот парламент и лидер на партијата кога биле извршени кривичните дела. Тие побарале од судијата да ја осуди на пет години затвор, од кои три години условно, заедно со парична казна од 300 000 евра.
Забраната за кандидирање за јавни функции би траела и по 2027 година, кога треба да се одржат следните претседателски избори.
Обвинителите сакаат казната да стапи во сила веднаш, без разлика дали Ле Пен ќе поднесе жалба до понискиот суд.