Француската полиција излезе на протест против владината забрана за техниките за „задушување“ при приведување, а која беше донесена како одговор на револтот во јавноста за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Во Париз, полицајците паркираа десетици службени возила кај Триумфалната порта. На едно комбе беше закачен транспарент со „Нема полиција, нема мир“, а на друго фотографија на која се прикажани повредени полицајци нападнати за време на должност.
Протестите беа организирани по состанокот на претставниците на полициските синдикати и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, свикан за да се обиде да го смири гневот кај полицајците поради владините мерки.
„Претставниците на синдикатот му пренесоа порака на министерот дека постапката на задушување всушност спасува животи и дека полицајците мора да ја имаат на располагање оваа техника сè додека не се најде соодветна алтернатива“,
рече Фабиен Ванхемелрик од Националното здружение на полицајци.
Тој истакна дека полицијата не може да биде одговорна за секое зло во општеството.
„Втората работа што му ја кажавме беше да престане да купува социјален мир… на начин што ќе им угодуваме на некои групи на штета на полицијата“,
рече Ванхемелрик.