Франција денеска соопшти дека засега нема докази за поврзаност меѓу новиот коронавирус и работата на истражувачката лабораторија во кинескиот град Вухан.
„Сакаме да разјасниме дека до денес нема докази кои би ги поткрепиле информациите кои неодамна беа објавени во печатот во САД, а кои го поврзуваат потеклото на Ковид-19 со работата на лабораторијата П4 во Вухан, Кина“,
соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Според широкиот консензус меѓу научниците, се смета дека коронавирусот потекнува од лилјаци.
Поврзани вести: