Фотографија од моментот на апсењето објави РТС, на која се гледа дека малолетникот е со лисици на рацете, главата му е покриена со јакна, а за рацете од двете страни го држат двајца полицајци
Со црна јакна на главата, српската полиција го спроведе 14-годишниот ученик што пукаше во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград.
Фотографија од моментот на апсењето објави РТС, на која се гледа дека малолетникот е со лисици на рацете, главата му е покриена со јакна, а за рацете од двете страни го држат двајца полицајци.

Во пукањето, според информациите од српските медиуми, убиени се најмалку шест лица. Н1 ТВ, пак, јавува дека неофицијално има осум жртви.
Според неофицијални информации што ги објавуваат медиумите, ученикот прво пукал во чуварот на училиштето кој се обидел да му го одземе оружјето. Тој е еден од убиените. Исто така, истрели имало и кон наставничка и ученици.
JEBO TE DA TE JEBO! pic.twitter.com/jjnA7w6nGo
— Sara (@lasara_h) May 3, 2023
Српските медиуми го објавија и идентитетот на ученикот наведувајќи дека станува збор за малолетникот Коста Кецмановиќ. Тој учествувал на многу училишни натпревари, меѓу кои и математика за што добивал пофалби, како и по историја на кој лани го освоил третото место.