Возилата се пренасочуваат во околните улици каде се прави голем сообраќаен метеж
Вечерва дел од улицата Илинденска, во Карпош, е блокирана и затворена за сообраќај поради настап на хрватската пејачка Северина во скопски клуб кој се наоѓа во близина на средното училиште „Орце Николов“.
На семафорите кај „Орце Николов“ полиција ги пренасочува возилата во околните улици каде се прави голем сообраќаен метеж.