Сообраќајна несреќа се случи на патот од Гостивар кон Стража, кај исклучувањето за Ново Село (Новоселски мост).
На местото на несреќата може да се забележи превртена цистерна, а на самото место се наоѓа и полициска екипа која го регулира сообраќајот.
Незгодата во СВР Тетово е пријавена околу 14:30 часот. Според информациите од полицијата, нема повредени. Возачот, 46-годишен скопјанец бил сам во возилото.
Возилото е скопски регистрации а цистерната била полуполна со мазут. До несреќата дошло кога возачот изгубил контрола над возилото и приколката (цистерната) се превртела странично.
Изминатиот викед, исто така, кај Новоселски мост во сообраќајка загина 54-годишен кичевец. Тој возел „БМВ“ со швајцарски регистрации, а со него имало и двајца сопатници кои се здобија со повреди.