Чекањето на оваа патарина попладнево е околу 20 минути
Колони возила попладнево има на патот од излезот на Скопје кај Сарај до првата патарина кон Тетово.
На оваа патарина често пати има застои, особено кога е продолжен викенд бидејќи голем број граѓани патуваат кон туристичките места на Охридското Езеро. Освен домашните возила, во колоната може да се забележат автомобили и со странски регистарски таблички.
Чекањето на оваа патарина попладнево е околу 20 минути.
На другите патарини што се на овој пат кон Охрид и Струга, исто така, има колони, но на нив чекањето е помало.