Бугарски граѓани положија цвеќе пред Амбасада на Северна Македонија во Софија изразувајќи сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи синоќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 лица, пренесува дописник на МИА од Софија.
Младите девојки, кои го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го прават заради сочувство бидејќи знаат колкава е тагата на семејствата на загинатите во несреќата.