Осминафиналето ќе се игра во Италија, која заедно со нашата е една од земјите домаќини на годинешното Европско првенство
По воведните неколку минути во кои поведе Црна Гора, македонските одбојкари на вечерашниот натпревар во Скопје ја презедоа доминацијата на теренот и стигнаа до убедлив триумф од 3:0.
Првиот сет одбојкарите го добија со 25:22, вториот со 25:19, а третиот со 25:20 поени.
Натпреварот се играше во рамките на групата „Ц“ од Европското првенство чиј домаќин е Скопје. Покрај нашата држава, коорганизатори на ова првенство се и Бугарија, Италија и Израел.
Вечерашната победа е втора за македонските одбојкари, откако во првиот натпревар ја победија Данска. Таа значи и речиси извесен пласман во следната – нокаут фаза односно во осминафиналето кое ќе се игра во Италија, што ќе биде историски успех за македонската репрезентација.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.