Општина Берово упати апел до граѓаните да помогнат во гаснење на пожарот, со цел да не прерасне во големина каква што имаше минатата година
Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот се шири поради ветерот.
Општина Берово упати апел до граѓаните да помогнат во гаснење на пожарот.
Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Според Руменковски во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион, оти огнената стихија е во планинскиот предел.
Сува трева и шума горат и на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште. Според првичните информации зафатена е површина од два-три хектари шума и сува трева. На терен се сите екипи на ТППЕ-Делчево, ЈП „Македонски шуми“, Доброволното Противпожарно друштво, како и припадници на Граничната полиција. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од терен.