Протестниот марш е поделен во неколку делници: пред 16:30 Универзалната сала, 17:00 пред Владата, 17:45 пред Собранието, а во 18:30 часот пред Апелацискиот суд
Започна маршот на граѓанската иницијатива „Кој е следен“, организиран со почетна локација пред Универзалната сала во Скопје каде што беше усмртена младата Фросина Кулакова.
Протестниот марш е поделен во неколку делници: во 16:30 пред Универзалната, 17:00 пред Владата, 17:45 пред Собранието, а во 18:30 часот пред Апелацискиот суд.
„Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да нè поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата ‘Кој е следен’ и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта, туку и од опозицијата. Бараме (пратениците) да се вклучат во промената на законите и парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат. Бараме (судската власт) да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа одовде. Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот. Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти“,
стои во повикот за денешниот марш.
Семејството и организаторите бараат партиите да не ја манипулираат граѓанската борба.