Во заедничка акција на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги на Царинската управа на С Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција запленети се 860 килограми режан тутун.
„Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории“,
информираат од Царинската управа.
Со ова се избегнати давачки во износ од 1 763 000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.