На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн, која вечерва приреди прием на кој се следат резултатите од парламентарните избори во Германија
Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва се меѓу гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием на кој се следат резултатите од парламентарните избори во Германија.
На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн.
„Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од изборната драма во Германија“,
пишува во ФБ објавата на ДВ.
Меѓу гостите се и шефот на дипломатијата Бујар Османи, евроамбасадорот Дејвид Гир и други странски амбасадори.