Искршени жардиниери, искорнати украсни дрвца и цвеќиња и уништена урбана опрема пред државни и приватни објекти. Ваква беше утрово сликата во центарот во Гевгелија, јави дописникот на МИА.

Дивеењето, според комуналното претпријатие, се случувало за време на полицискиот час, а во моментов се бараат сторителите и се прегледуваат надзорните камери од угостителските објекти во централното градско подрачје.

Градоначалникот Сашо Поцков остро го осуди овој вандалскиот чин и побара од органите на прогонот под итно да преземат мерки за откривање и санкционирање на сторителите на вандализмот.



