Тој имаше средби со посредници од ЕУ, но и со косовскиот премиер Албин Курти, одделно, а потоа и заедно. Во меѓувреме, Вучиќ објави и фотографија од Брисел
Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Брисел каде што од утрово учествува на дискусии за регистарските таблички и надминување на проблемите предизвикани од барањето на Приштина за нивна пререгистрација.
Тој имаше средби со посредници од ЕУ, но и со косовскиот премиер Албин Курти одделно, а потоа и заедно. Во меѓувреме, Вучиќ објави и фотографија од Брисел.
„Додека го чекаме заклучокот на билатералната средба меѓу Приштина и Брисел“,
наведе тој на својот Инстаграм профил, со фотографија на која се гледа како игра шах на пауза.