На другите гранични премини нема поголеми задржувања
Пет колони со автомобили и една со камиони може да се забележат на граничниот премин „Богородица“, каде што се чека за излез од земјава и влез во Грција.
На другите гранични премини според видеокамерите достапни на сајтот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), пак, нема метеж од возила.
Последниот извештај за состојбата на патиштата достапен од АМСМ, пак, е објавен нешто пред 7 часот утрово и во него се забележува дека околу 45 минути на „Богородица“ се чека и за влез во земјава.