Украина годинава победи на Еврозија, но поради војната нема да биде домаќин на натпреварот во 2023 година. Организацијата ја доби Велика Британија
Украина го избра својот претставник на Евровизија 2023 – дуото Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.
Изборот за песна за Евровизија, оваа година поради воената агресија од Русија врз Украина се одржа во засолниште во метростаницата во Киев, а се натпреваруваа десет песни.
Творчи е електронско дуо основано во 2018 година од Ендрју Хуцулиак и Џефери Аугуст Кени.
Тие веќе учествуваа на националниот избор за Евровизија 2020 година со песната „Bonfire“ и го освоија четвртото место.
Украина оваа година го освои првото место на Евровизија, но поради војната не може да биде домаќин на натпреварот во 2023. Од тие причини, организацијата ѝ беше доделена на Велика Британија, која беше второпласирана, а домаќин ќе биде градот Ливерпул.