Возачот бил исклучен од сообраќај и му била одземена возачката дозвола
Полицијата во Струга денеска фати пијан возач со дури 4,07 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
„Денеска (26.12.2022) во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило ‘опел астра’ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4,07 промили на алкохол“,
соопштија од МВР.
Возачот бил исклучен од сообраќај, му била одземена возачката дозвола и добил пријава.