Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот, со камион за меѓународен транспорт, влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче душкач бил откриен канабисот
Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила возачот, странски државјанин, кој се товари за внесување дрога во Грција.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за 37-годишен државјанин на Северна Македонија, јави МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот со камион за меѓународен транспорт влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче душкач бил откриен канабисот.

„При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за од тимот за спречување и сузбивање криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони, беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети“,
соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.
Уапсениот ќе биде изведен пред јавен обвинител.


Грчката полиција на Фејсбук објави видео од откривањето на канабисот во камионот.