Двајца педијатри, еден пулмолог и еден инфектолог предмалку пристигнаа во Дебар, каде што ќе работат на справување со кризата со коронавирусот.
На територијата на Дебар тие влегоа преку безбедносниот пункт „Бошков мост“. Дотаму пристигнаа со возило на Министерството за здравство, а на пунктот се префрлија во возило кое беше испратено од дебарската амбуланта.
Во краткиот разговор со нив, тие посочија дека првичните најави од надлежните биле дека ќе работат таму две недели, но во зависност од развојот на ситуацијата тоа би можело и да се пролонгира.


