Од МВР испратија фотографија на која се гледа дека пиротехничките средства биле сместени во багажникот на автомобилот
Во автомобилот на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети вечерва биле запленети 749 пиротехнички средства.
Според Министерството за внатрешни работи (МВР), лицето кое управувало со автомобилот е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од МВР испратија фотографија на која се гледа дека пиротехничките средства биле сместени во багажникот на автомобилот.

„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. “,
соопшти МВР.
Дрин Ахмеди, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, пред неколку месеци стана сопственик на бизнис-центарот „Соравиа“.