Паркирани автомобили, неколку десетици демонстранти и знамиња со сонцето од Вергина и со партиски обележја може да се забележат на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“. Она што не може да се види на блокадата за одбрана на националните и државните интереси е државното знаме
Трет ден по ред ВМРО-ДПМНЕ блокира три раскрсници во Скопје и во девет други града.
Мотото на протестите е „Доста е, излези за Македонија“ и, како што велат од партијата, тие се против новиот обид на Зоран Заев и Владо Бучковски за продажба на националните и државните интереси.
Паркирани автомобили, неколку десетици демонстранти и знамиња со сонцето од Кутлеш и со партиски обележја може да се забележат на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“. Она што не може да се види на блокадата за одбрана на националните и државните интереси е државното знаме.
Освен кај „Мавровка“, во центарот на Скопје, од 15 до 17 часот, блокирана е и раскрсницата кај старата Градска болница и Собранието, како и таа кај зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“.
Слична беше сликата и во претходните два дена, кога на блокадите не може да се забележи знаме на С Македонија, наспроти развиорените партиски знамиња и поранешното државно знаме.