На плочникот пред Кривичниот суд оставија отпечатоци од раце намачкани со црвена боја
Граѓаните што денеска се собраа на протест на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што е прегазена младата Фросина, стигна пред Кривичниот суд. Претходно, револт изразија пред зградите на Јавното обвинителство и Собранието.
Студентите се во првите редови на протестот. Извикуваат „Затвор за Васил“ посочувајќи го името на возачот што пред два дена ја прегази Фросина од Неготино додека поминувала на пешачки премин.
„Не се крие, излезете, сите ние ве плаќаме, Нека каже судијата за колку илјадници евра замина животот на Фросе“,
порачаа тие.
На плочникот пред Кривичниот суд оставија отпечатоци од раце намачкани со црвена боја.
И покрај тоа што еден од водачите на протестот велеше дека можеби Васил ќе заврши во затвор, насобраните не се сложија со тоа.
„Заедно да се договориме како ќе продолжиме, зашто ако Васил не заврши во затвор утре ќе излезе некој друг Васил“,
рекоа тие.
Граѓаните бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди, како зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај – од обвинетиот до обвинителите и судиите кои го ослободувале младиот возач за претходните дела.
Поврзани вести:
- (ФОТО+ВИДЕО) „Не е несреќа, туку убиство“, „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина
- Возачот што смртно ја прегази 22-годишната девојка во април лани бил во притвор, а во 2022 година направил уште една сообраќајка
- За Кривичен е нејасно зошто се поврзува случајот во кој осомничениот возач е пуштен од притвор со сообраќајката на „Партизанска“
- Возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено – детали за несреќата на „Партизанска“