Во гаснењето на пожарот, што бил во густо населена населба во Кавадарци, со три возила и шест пожарникари интервенирала Територијалната противпожарна единица кој спречила пожарот да се рашири на околните куќи

Еден автомобил, трактор и гаража се изгорени во пожар што доцна синоќа настанал во Кавадарци.
Во гаснењето на пожарот, што бил во густо населена населба во Кавадарци, со три возила и шест пожарникари интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) која спречила пожарот да се рашири на околните куќи.
За пожарот, на својот фејсбук-профил информира и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со три возила и шест пожарникари. Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 (бензин/плин), трактор и дел од гаражата. Според очевидци пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната“,
пишува Јанчев.
Тој додава дека поради брзата интервенција било спречено пожарот да се прошири и да се случи голема катастрофа.