Тутунот бил пронајден во објект, на тезга на пазар и во автомобил. Вкупната неплатена акциза е над 460 000 евра
Над 200 килограми тутун се запленети денеска на три одделни локации во голема полициска акција во Скопје, соопшти МВР.
Станува збор за тутун за кој не е платена акциза кон државата во вкупна вредност од над 460 000 денари (околу 7 500 евра).
Еден дел од стоката е запленет во објект, сопственост на Џ. А., а оттаму се одземени 90 килограми режан тутун за кој сопственикот одбегнал да плати акциза од 193 500 денари.
„Покрај ова, констатирано е дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следува глоба од Државниот пазарен инспекторат“,
додаваат од МВР.
Друг поголем дел од тутунот или 105 килограми се одземени од тезга на влез на пазар, за кои било избегнато плаќање акциза од 225 750 денари.
Деветнаесет килограми тутун, пак, се пронајдени во возило на трето лице кое не платило акциза од 40 850 денари.
Против сите лица, велат од МВР, ќе следуваат соодветни пријави. Во акцијата заедно со полицијата учествувале и Царинската управа, УЈП и Државниот пазарен инспекторат.