Во својата проповед, папата Франциск употреби повеќе од десетина библиски референции и црковни списи во кои се чини дека го спореди папата Бенедикт со Исус. Пред повторно да биде одведен во базиликата Свети Петар, папата Франциск ја стави раката на ковчегот на папата Бенегдит и се поклони пред него. Ковчегот потоа беше одведен од плоштадот со аплаузи и овации од толпата
Илјадници луѓе утринава се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан сакајќи да му оддадат последна почит и да се простат од поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти пред тој да биде погребан.
Погребната миса започна во 9:30 часот по локално време, кратко откако ковчегот со посмртните останки на папата Бенедикт беше пренесен на плоштадот. Церемонијата ја предводеше папата Франциск кој дотаму пристигна во инвалидска количка.
Додека маглата го обвиваше врвот на базиликата Свети Петар, церемонијата започна со молитва на Франциск за покојниот папа. Во својата проповед, Франциск употреби повеќе од десетина библиски референци и црковни списи во кои се чини дека го спореди Бенедикт со Исус, вклучувајќи ги и неговите последни зборови пред да биде распнат на крстот: „Оче, во твои раце го поздравувам мојот дух“.
Тој индиректно се осврна на Бенедикт во парафрази на други библиски референции за Исус.
Осврнувајќи се на Бенедикт за време на мисата сослужена од 125 кардинали, 200 бискупи и околу 3 700 свештеници, папата Франциск зборуваше за мудроста, нежноста и посветеноста што поранешниот папа ги дарувал низ годините.
Пред да биде одведен во базиликата Свети Петар, папата Франциск ја стави раката на ковчегот на папата Бенедикт и се поклони пред него.
Ковчегот потоа беше одведен од плоштадот со аплаузи и овации од толпата.
На погребната церемонија присуствуваа свештеници од целиот свет, неколку шефа на држави и илјадници верници. Повеќе од 1 000 италијански безбедносни лица беа повикани да помогнат во заштитата на настанот, а воздушниот простор околу Светата Столица беше затворен.
На негово барање, поранешниот папа ќе биде погребан во првата гробница на папата Јован Павле Втори која е на помалку од 100 метри од гробот на Свети Петар. Гробницата беше испразнета во 2011 година откако телото и посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капелата во базиликата по неговото прогласување за светец.