Средбата се одвива со посредство на помирувачот откако Синдикатот на 9 ноември поднесе барање до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за мирно решавање на спорот. Наспроти синдикалците седна Џафери затоа што Собранието е основач на Универзитетот
Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје (УКИМ) утрово започна средбата помеѓу Сојузот на синдикати на УКИМ и претседателот на Собранието Талат Џафери во однос на барањето на синдикалците за нов колективен договор и зголемување на платите на вработените.


Средбата се одвива со посредство на помирувач откако Синдикатот на 9 ноември поднесе барање до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за мирно решавање на спорот.
Наспроти синдикалците седна Џафери затоа што Собранието е основач на Универзитетот.

Официјалниот предлог за помирување следува откако на 4 октомври годинава претставници на Синдикатот на УКИМ имаа средба во Владата на која ги изнесоа своите барања за потпишување колективен договор и постепено покачување на платите – по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне ниво од 100-процентно покачување, но потоа немаше никаков исход.
Иако на тогашната средба, како што посочија претходно од Синдикатот, добиле уверување дека барањата сериозно ќе се разгледаат, ќе се направат пресметки и ќе бидат повикани на уште една средба, тоа не се случило, па одлучија да пробаат да го решат спорот со помирување пред да стапат во штрајк.