Во главниот град, возачите на овие суперспортски автомобили стигнаа од Опатија, од каде ја почнаа оваа сезона со рута по јадранскиот брег
Дваесетина суперспортски автомобили денеска се паркирани во центарот на Скопје, пред хотелот „Мериот“.

„Ферари“, „мерцедес“, „порше“, „ламборџини“, „мекларен“, „астон мартин“ се дел од марките на спортските автомобили што попладнево продефилираа низ Скопје.
Тие се дел од групацијата на возачи „Гран Турисмо Адриатик 2025“, која има за членови над 6 000 сопственици на суперавтомобили што редовно присуствуваат на нивните настани и патувања.

Во Скопје, возачите на овие суперспортски автомобили стигнаа од Опатија, од каде ја почнаа оваа сезона со рута по јадранскиот брег.
Преку Трогир, Мостар, Порто Монтенегро, Тирана, Скопје, рутата завршува во Софија.
Погледното го видеото од автомобилите на кои попладнево им се воодушевуваат скопјани: