„За жал, водејќи се по џи-пи-ес ја промашиле патеката и се заглавиле на стрмните падини и побараа помош на бројот 112. Спасителите не можеа да дојдат до нив, една карпа не дозволуваше да се пристапи до нив. Но, тие се пробија до десната страна на брегот на реката Пчиња. До нив не можеше да се дојде по земјен пат. Затоа доброволното друштво спасители по вода со спасителен чамен кај Катланово се спуштија во вода и 300 до 500 метри над манастирот „Мала Богородица“ беа пронајдени и префрлени од другата страна на брегот“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов
Спасени се трите лица кои заедно со седумгодишно дете вчера планинарејќи, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека тројцата планинари со детето биле спасени доцна во ноќта, по полноќ, со помош на тим од спасители на вода од доброволно друштво од Велес со кое ЦУК соработува за вакви ситуации, кои некаде кај Катланово се спуштиле во реката Пчиња, за да ги префрлат планинарите од другата страна на брегот, под самиот автопат Скопје-Велес. Акцијата за спасување, како што посочуваат од ЦУК, завршила успешно и лицата безбедно биле качени на автопатот.
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој синоќа бил дел од спасувачката акција, во видеообраќање рече дека тројцата планинари, односно две жени, еден маж и дете, на возраст од 29, 18, 35 и 7 години се обиделе од десната страна на брегот на пчиња од врвот на ридот да се спуштат кон манастирот „Мала Богородица“ кој се наоѓа над клисурата веднаш под автопатот Скопје-Велес.
„За жал, водејќи се по џи-пи-ес ја промашиле патеката и се заглавиле на стрмните падини и побараа помош на бројот 112. Спасителите не можеа да дојдат до нив, една карпа не дозволуваше да се пристапи до нив. Но, тие се пробија до десната страна на брегот на реката Пчиња. До нив не можеше да се дојде по земјен пат. Затоа доброволното друштво, спасители по вода со спасителен чамен кај Катланово се спуштија во вода и 300 до 500 метри над манастирот Мала Богородица беа пронајдени и префрлени од другата страна на брегот“,
вели Анѓелов.
Според него, во реката спасителите наишле на многу препреки, кои мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија.
„Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите“,
рече тој.
Според информациите на ЦУК, на лице место, во стрмната клисура се спуштил и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, односно со еден од родителите на дел од лицата, при што се остваруваше и заедничка комуникација со лицата.
„За тоа време имаше обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат, бидејќи нивната вода завршила. Во 2 часот по полноќ лицата беа безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје“,
велат од ЦУК.