Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во полициската станица Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип–Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ

Педесет и шестгодишен пациент е примен во штипската Клиничка болница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип–Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница. Од Клиничката болница – Штип велат дека во тек се испитувања и снимање на пациентот.
Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во полициската станица во Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип–Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ.
Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничката болница Штип, се вели во соопштението на СВР – Штип.
Во писменото соопштение на СВР – Штип се наведува дека увидот е во тек.