Објектот, за кој албанските власти тврдат оти е дивоградба, како што објавија тамошните медими, е во сопственост на Ирфан Хисенбели, сопственик на медиумот Вести 24. Во објавата на албанскиот ТВ Репорт се наведува оти властите се одлучиле за уривање на ова одморалиште поради тоа што функционирало без дозвола. Сопствениците на објектот, пак, ги демантираат ваквите тврдења
Пратеничката Илда Дори од албанската опозициска Демократската партија на Сали Бериша преку објава на Фејсбук реагираше на, како што вели, незаконското уривање на одморалиштето „Престиж ресорт“. Таа во објавата повикува на „ставање крај на диктатурата на албанскиот премиер Еди Рама“
Националниот инспекторат за заштита на територии на Албанија во соработка со државната полиција и инженери денеска околу 15:12 часот со контролирана експлозија ја срушиле седумкатницата „Престиж ресорт“ на крајбрежјето на градот Каваја во западна Албанија. Објектот за кој албанските власти тврдат оти е дивоградба, како што објавија тамошните медими, е во сопственост на Ирфан Хисенбели, сопственик на медиумот Вести 24.
За оваа операција, низ седумкатницата биле распоредени 70 килограми експлозив кој за неколку секунди, според видеото објавено од ТВ Репорт го урива објектот до темел. Инспекторите и припадниците на полицијата презеле безбедносни мерки и ги алармирале на жителите од околината за претстојната експлозија.
Во објавата на албанскиот медиум ТВ Репорт се наведува оти властите се одлучиле за уривање на ова одморалиште поради тоа што функционирало без дозвола. Сопствениците на објектот, пак, ги демантираат ваквите тврдења.
Медиумот пишува дека медиумите на сопственикот на ресортот, Ирфан Хисенбели, пишуваат дека Инспекторатот незаконски влегол во објектот бидејќи документите за изградба на ова одморалиште биле во согласност со законите, а дозволата ја потпишал и премиерот Еди Рама.
Пратеничката Илда Дори од албанската опозициска Демократската партија на Сали Бериша преку објава на Фејсбук реагираше на, како што вели, незаконското уривање на одморалиштето „Престиж ресорт“. Таа во објавата повикува на „ставање крај на диктатурата на албанскиот премиер Еди Рама“.
„Настанот што Албанците го видоа денес не е само уцена, притисок на слободата на говорот и независните медиуми во оваа земја, туку и удар во темелите на демократијата. Сите ние мора да се ангажираме за крај на диктатурата на Еди. Ајде сите да реагираме пред да биде предоцна Албанија да ја вратиме на вистинскиот пат“,
пишува пратеничката на Фејсбук.