Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека најголем број жртви има во провинцијата Ал Хуаз, а по неа, според смртниот биланс е провинцијата Тарудант. Во Маракеш, бројот на загинати, како што пренесуваат агенциите, е помал, но градот кој е под заштита на УНЕСКО претрпе значителна материјална штета во силниот потрес
Оперативната директорка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Керолин Холт предупреди дека следните 24 до 48 часа ќе бидат критични во смисла на спасување животи
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во петокот доцна вечерта по локално време го погоди Мароко се искачи на повеќе од 2 000 луѓе, а речиси идентичен е и билансот на повредени, јавуваат светските медиуми.

Според Министерството за внатрешни работи на земјата повеќе од 1 400 луѓе се тешко повредени, а најголем број од жртвите се во провинциите јужно од градот Маракеш, кој исто така беше силно погоден од земјотресот.
Многу луѓе во погодениот регион втора ноќ по ред поминаа на отворено, јавува Би-би-си.
Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Маракеш и многу други градови, а во оддалечените планински области, цели села, според сведоштвата, се срамнети со земја.
Епицентарот на потресот бил во планинскиот венец Висок Атлас, оддалечен околу 70 километри од Маракеш, град кој е со статус на светско културно наследство и кој е популарна дестинација за голем број турсти.
Земјотресот бил почувстуван и во главниот град на Мароко – Рабат, оддалечен околу 350 километри од епицентарот, како и во градовите Казабланка, Агдир и Есауира.
Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека најголем број жртви има во провинцијата Ал Хуаз, а по неа, според смртниот биланс е провинцијата Тарудант. Во Маракеш, бројот на загинати, како што пренесуваат агенциите, е значително помал, но градот кој е под заштита на УНЕСКО претрпе значителна материјална штета во силниот потрес.

Едноставните куќи, направени од кал, тули, камен и дрво во планинските сили близу епицентарот, според извештаите се целосно урнати, а властите велат дека ќе биде потребно време додека се процени штетата во овие оддалечени региони.
Властите на Мароко синоќа прогласија тридневна жалост во земјата, додека во меѓувреме трае трката со времето на спасувачките екипи и населението во потрагата по преживеани.
„Донесена е одлука да се почитува тридневна национална жалост, со знамиња на половина копје на сите јавни згради“,
се вели во соопштението на официјалната новинска агенција МАП, откако кралот Мохамед Шести претседаваше со состанокот на кој се разговараше за катастрофата, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
?? Breaking: Exclusive aerial footage reveals the extent of damage in Atlas Mountains villages after Morocco’s most powerful #earthquake in 123 years. The aftermath is truly sobering. ?? #MoroccoEarthquake #AtlasMountainsStrong pic.twitter.com/LTa03kITDt
— DailyDose (@DDose27191) September 10, 2023
Одговорот на најсмртоносниот земјотрес во Мароко во последните децении може да потрае со месеци, ако не и со години, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).
Оперативната директорка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Керолин Холт вчера предупреди дека следните 24 до 48 часа ќе бидат критични во смисла на спасување животи.
„Напорите за пребарување и спасување ќе бидат приоритетни паралелно, со тоа што ќе се осигураме дека се згрижени оние за кои знаеме дека приживеале“,
ја пренесува Би-би-си изјавата на Холт.

Земјотресот во петокот вечерта е најсмртоносниот што го погодил Мароко од оној во Ал Хосеима во 2004 година.
Овој потрес кој се случи на 24 февруари 2004 година имаше помала магнитуда од 6,3 степени по Рихтер, за разлика од петочниот – 6,8 степени, но ги однесе животите на повеќе од 600 луѓе, повеќе од 900 беа повредени, а речиси 15 000 останаа без покрив над главата.
Најсмртоносниот и најразорниот земјотрес во историјата на Мароко се случи на 29 февруари 1960 година во близина на градот Агадир на западниот брег на земјата, во кој загинаа повеѓе од 12 000 луѓе, а најмалку 35 000 останаа без покрив над главата.
Имаше релативно умерена магнитуда од 5,8 степени, но неговата плитка длабочина, близината до Агадир и квалитетот на градбата во градот го направија неговото влијание разорно.
Земјотресот доведе до промени во мароканските градежни кодови, но многу згради, особено руралните куќи како оние најтешко погодените на 8 септември 2023 година, не беа изградени за да издржат такви земјотреси.
Земјотресот од 8 септември го почувствуваа дури и луѓето на Канарските острови во близина на брегот на Мароко и во Алжир, неговиот источен сосед.