Покрај транспарентите „Ќе немаше волку крв ако се беше по закон“, „Рекордери во денови на жалост“, „Вашиот систем уби една цела генерација иднина“ можеше да се видат стотици запалени свеќи и оставени букет цвеќиња
На плоштадот „Македонија“ во Скопје и денеска им се оддава почит на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.
Бројни граѓани палат свеќи во чест на починатите во трагедијата, кои денеска се погребани на гробиштата во Кочани, Штип, Пробиштип, Облешево, Струмица и во Скопје.






Покрај транспарентите „Ќе немаше волку крв ако се беше по закон“, „Рекордери во денови на жалост“, „Вашиот систем уби една цела генерација иднина“ можеше да се видат стотици запалени свеќи и оставени букет цвеќиња.
Претходно во вторникот вечерта имаше собир на иницијатива на движењето „Кој е следен“. Со 16-минутен молк во 18:59 часот, граѓаните им оддадоа почит на загинатите – 59 во знак на бројот на починати, а 16 како симболика на датумот кога се случи трагедијата.