На социјалната мрежа Фејсбук се споделуваат фотографии и видеа од невремето
Дојран попладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Во моментов нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави“,
соопшти Центарот за управување со кризи.
На социјалната мрежа Фејсбук се споделуваат фотографии и видеа од невремето.
Од ЦУК додаваат дека нестабилност со слаб интензитет има и во Кумановско, како и во Мариовско.