Се чека МВР да соопшти повеќе детали за денешната акција, која, според неофицијалните информации е поради нелегално копање криптовалути
Голема полициска акција се спроведува денеска во Градскиот трговски центар (ГТЦ), за која се уште нема официјална информација од МВР.
„360“ степени“ е во ГТЦ, за каде беше објавено дека се прави претрес во магацинските простории.





Според неофицијални информации, акцијата е насочена против нелегално копање на криптовалути. Дел медиуми објавија дека станува збор за кражба на струја за копање криптовалути.
Во текот на вечерта се очекува МВР да соопшти повеќе детали за денешната акција.