На средбата на претседателот на Европскиот совет со претседателот на македонската влада во Словенија присуствуваа и вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот Бујар Османи
По средбата, покрај владината ПР-служба, сите присутни си објавија и засебни писмени обраќања до јавноста преку социјалните медиуми
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, соопштија од Владата. Средбата е остварена во рамките на посетата на Ковачевски на Република Словенија, каде што тој учествува на Бледскиот стратешки форум.





„На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се разговараше за актуелните политички случувања во Северна Македонија, во фокус на успешното отпочнување на процесот на уставните промени во Собранието.
Двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповторлива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот“,
соопштија од Владата.
По средбата, со одвоени реакции се јавија премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ, министерот Османи,, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) напиша:ќ:
„Го пофалив лидерството и одлучноста на Димитар Ковачевски Северна Македонија да напредува на реформската ЕУ-агенда и да испорача конкретни резултати. Целосно ја поддржувам иницијативата за носење на уставните измени и покрај многу политички предизвици“.
Praised North Macedonia @DKovachevski’s leadership and determination to advance on EU reform agenda & deliver concrete results.
— Charles Michel (@CharlesMichel) August 27, 2023
Fully support initiative to adopt constitutional amendments despite many political challenges. pic.twitter.com/ne2FLwgRtv
Димитар Ковачевски се обрати на социјалната мрежа Фејсбук, каде што напиша:
„Со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на средбата во Словенија, разменивме мислења за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени. Говоревме за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, за што имаме поддршка и од ЕУ.
Согласни сме дека сите политички чинители имаат обврска да придонесат кон забрзувањето на евроинтеграциите на земјата, бидејќи Северна Македонија мора да ја искористи оваа единствена шанса за членство во ЕУ“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил напиша:
„Владата останува максимално посветена во реализација на стратешката цел:
полноправна членка на
до 2030 година, за стабилна и просперитетна иднина на нашите граѓани.
Унијата наш недвосмислен партнер во реализација на домашната реформска агенда“.
Вицепремиерот за европски прашања, исто така на Фејсбук, меѓу другото додаде:
„Веќе направивме напредок во евроинтеграциите и ја интензивиравме соработката со ЕУ, кои во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство и силен промотор на европските вредности и регионалната соработка“.