Пред Судот утринава се појави врвот на „Европскиот фронт“ – лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во придружба на коалицискиот партнер од Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Ги придружуваат пратеници од коалицијата, меѓу кои пратеникот и градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети. Покрај лидерот на ДУИ, пред Судот во пресрет на денешната седница пристигнаа и актуелните потпретседатели на партијата – Бујар Османи и Арбер Адеми
Високи функционери на „Европски фронт“ предводен од ДУИ, пратеници, членови и приврзаници од партиите на коалицијата од утринава се собираат пред зградата на Уставниот суд во пресрет на денешната седница на која ќе се одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците.


Пред Судот утринава се појави врвот на коалицијата – лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во придружба на коалицискиот партнер од Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Ги придружуваат пратеници од коалицијата, меѓу кои пратеникот и градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети. Покрај лидерот на ДУИ, пред Уставниот суд во пресрет на денешната седница пристигнаа и актуелните потпретседатели на партијата – Бујар Османи и Арбер Адеми.

На собирот присутен е и експретседателот на Уставниот суд и актуелен пратеник во „Европскиот фронт“ од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, Сали Мурат.

Во помали групи пред Судот пристигнуваат и членови и приврзаници на партијата.
Местото го обезбедува засилено полициско присуство.
Почетокот на седницата на Уставниот суд е закажан за 9:30 часот.
За време на седницата или по нејзиното завршување се очекува пред присутните да се обрати лидерот на ДУИ.