Како што пренесува ЕРТ, станува збор за 60-годишно лице, кое по несреќата било префрлено во болницата „Ипократио“ во Солун, каде што морал да биде интубиран, но за жал и покрај напорите, лекарите не успеале да му го спасат животот. Останатите тројца патници од истото возило, како што се наведува, загинале на самото место
Во несреќата се повредени десетици патници од автобусот на српска туристичка агенција, кои со возила на итната помош се пренесени во болници во Солун, Кукуш и Гумениса. Неколку од нив по извршените превентивни тестови веќе се пуштени на домашно лекување и се во добра здравствена состојба, пренесуваат грчките медиуми. За несреќата е известена и српската амбасада во Грција, која се очекува да испрати возила за да ги превезат назад во нивната земја
По сообраќајната несреќа автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат
Бројот на загинати во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во северна Грција, недалеку од границата со С Македонија се зголеми, откако почина и четвртиот патник од автомобилот кој директно се судри со автобус на туристичка агенција од Србија, јавува грчката национална телевизија ЕРТ.

Како што пренесува телевизијата, станува збор за 60-годишно лице, кое по несреќата било префрлено во болницата „Ипократио“ во Солун, каде што морал да биде интубиран, но за жал и покрај напорите, лекарите не успеале да му го спасат животот.
Останатите тројца патници од истото возило, како што се наведува, загинале на самото место. Автомобилот со кој се превезувале, како што може да се види од фотографиите објавени од ЕРТ, е целосно уништен.
Собраќајната несреќа се случила кога автомобилот со кој се превезувале четирите лица директно се судрил со српскиот автобус. Во автомобилот, според ЕРТ, потоа удрило друго возило, во кое биле 38-годишна жена и нејзиното шестгодишно дете, кои не се повредени, а автобусот се превртел во канал покрај патот.

Веднаш по несреќата била алармирана полиција и противпожарна служба, додека на терен пристигнале возила на брзата помош – ЕКАВ кои пренеле десетици повредени во болниците во Солун, Кукуш и Гумениса. Неколку од нив по извршените превентивни тестови веќе се пуштени на домашно лекување и се во добра здравствена состојба.
Патниците од автобусот, како што пренесува ЕРТ, се пренесени во болницата „Ипократио“ во Солун, а некои полесно повредени во болниците Кукуш и во Гумениса. Поточно, 17 од нив се префрлени во „Ипократио“, 26 во болницата во Кукуш и тројца повредени во болницата во Гумениса, додека уште 32 патници се во Поликастро и чекаат да се вратат во Србија.

За несреќата е известена и српската амбасада во Грција, која се очекува да испрати возила за да ги превезат назад во нивната земја.
Во двокатниот српски автобус на туристичка агенција од Ниш патувале 78 лица.
По сообраќајната несреќа автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.