Апаратите и деловите за одржување биле запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија
Запленети се девет апарати за игри на среќа, како и 405 дела за одржување, информираат од Царинската управа.
Апаратите и деловите за одржување биле запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.
„Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги“,
додаваат од Царинската управа.
Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови од Царинската управа велат дека се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.
Од Царинската управа велат дека во рамки на своите надлежности континуирано презема активности за спречување на шверц и сива економија.