Според соопштението на МВР, во првата акција биле запленети вкупно 4 811 парчиња различни видови пиротехнички средства, при што било приведено лицето што ги продавало. Во втората акција на подрачјето на Бит-пазар скопската полиција запленила 1 358 парчиња различни видови пиротехника
Скопската полиција денеска заплени вкупно 6 169 парчиња пиротехнички средства на две локации во главниот град, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според соопштението на МВР, во првата акција биле запленети вкупно 4 811 парчиња различни видови пиротехнички средства, при што било приведено лице со иницијали И.К. од скопско Батинци, кое ја продавало пиротехниката на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.
Во втората акција што полицијата ја спровела на улица „192“ на подрачјето на Бит-пазар, запленети се вкупно 1 358 парчиња различни видови пиротехнички средства. МВР додава дека се работи на расчистување и на овој случај.