На глобално ниво има речиси 13 милиони заболени од ковид-19, а бројката на починати се ближи до 600 000, покажува статистиката на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Први според бројот на заболени се САД со околу 3,3 милиони, по што следуваат Бразил со 1,8 милион, Индија со 878 000, Русија со 732 000 инфицирани.