Според руската група за човекови права, ОВД-Инфо, руската полиција уапсила најмалку 100 лица за време на собирите низ осум града, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург. Меѓу приведените е и фотограф на весникот „Новаја Газета“ и дописник на РусЊуз
Смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, предизвика собири и демонстрации не само во Русија туку и во други држави ширум светот.
Поддржувачите на 47-годишниот политички активист се собраа пред руските амбасади и на други локации во поголемите градови низ светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз, Женева и Њујорк.
На демонстрациите во Берлин, толпи граѓани извикуваа „Путин во Хаг“, а пред руската амбасада во Лондон демонстрантите држеа табли на кои пишуваше „Навални е нашиот херој“.
По смртта на Навални, од вчера се одржуваат и спонтани собири на повеќе локации во Русија. Граѓани положуваат цвеќе и му оддаваат почит на рускиот опозициски политичар кој беше пронајдени мртов во затворот во Сибир,
Собири се одржаа во повеќе руски градови и на повеќе локации ширум земјата, меѓу кои и во близина на куќата во московскиот кварт Марино каде што живеел Навални пред неговото апсење.
Според руската група за човекови права, ОВД-Инфо, руската полиција уапсила најмалку 100 лица за време на собирите и демонстрациите низ осум града, вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург и Краснодар. Меѓу приведените е и фотограф на весникот „Новаја Газета“ и дописник на РусЊуз.
Четириесет и седумгодишниот Алексеј Навални беше еден од водечките критичари на Владимир Путин.
Рускиот опозициски лидер беше зад решетки од 2021 година, а затворската казна во август минатата година му беше продолжена на уште 19 години. Навални неодамна беше испратен во затворот „Поларен волк“ на крајниот север на Русија, кој важи за еден од најстрогите во рускиот затворски систем.
Затворските служби во затворот во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија, каде што Навални отслужуваше затворска казна, вчера соопштија дека тој починал откако му се слошило по прошетка.