Одземени се четири патнички моторни возила, марка „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „форд мустанг“
Привремено се одземени четири патнички моторни возила што пред неколку дена учестуваа во диви трки на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 17.03.2025 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила, како ‘мерцедес‘, ‘ауди‘, ‘шевролет‘ и ‘форд мустанг‘ поради учество во диви трки на булеварот ‘Трета македонска бригада‘ во Скопје“,
се вели во соопштението од полицијата.
Две од возилата што создавале голема бучава се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена.
Против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии.


