„Што побара денеска Африм Гаши од Зоран Заев и зошто требаше да оди дури до Струмица?“, прашува независниот пратеник Скендер Реџепи кој на Фејсбук објави фотографија од средба на Заев и Гаши
Независниот пратеник во македонското Собрание Скендер Реџепи на Фејсбук објави фотографија од средба на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алернатива, Африм Гаши.
Во објавата Реџепи поставува прашање зошто Гаши требал да оди на средба со Заев дури до Струмица и додава дека таа се одржала денеска.
„Прашање за еден милион евра??? Што побара денеска Африм Гаши од Зоран Заев и зошто требаше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“,
објави Реџепи.

Скендер Реџепи стана независен пратеник откако во јуни минатата година ја напушти пратеничката група на Алтернатива.

Инаку, Алтернатива до скоро беше владин коалициски партнер на СДСМ. По реконструкцијата, во Владата влезе Алијанса за Албанците, а Алтернатива отиде во опозиција.