Претседателот Александар Вучиќ синоќа по разговорите со Србите од Косово најави дека денеска во утринските часови ќе започне отстранувањето на барикадите на северот на Косово
Синоќа изгореле кабините на два камиона кои го блокираат влезот во Северна Митровица од правец на Дудин Крш.
Камионите биле поставени на барикада на патот што води од Јужна Митровица до Техничкото училиште.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот.
Како што јавува „Косово онлајн“, на место на настанот има припадници на ЕУЛЕКС.
Претседателот Александар Вучиќ синоќа по разговорите со Србите од Косово најави дека денеска во утринските часови ќе започне отстранувањето на барикадите на северот на Косово.
Вучиќ го прочита текстот што му го врачиле Србите од барикадите, кои, како што објави, рекле дека не сакаат да одат против својата земја, но дека бараат никогаш да не се признае самопрогласената независност на Косово.
„Луѓето бараа да биде без камери, за да можат да кажат сè што мислат, да ги изразат своите стравови, да зборуваат за сè“,
рече тој.