Локалната самоуправа доби посебни задачи при спроведувањето на статистичката операција
Согласно Законот за попис, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.
На ова посочи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на вчерашниот состанок во „новата“ пленарна сала во Собранието, каде што државниот врв и градоначалниците на општините во земјава дебатира за претстојниот попис, кој треба да почне на 1 април – по речиси две децении „пауза“.
„Пред сите нас е огромна одговорност, затоа што, како носители на високи јавни функции, сме исклучително свесни што значи за една држава да нема спроведено попис 19 години“, .
порача Милевски
Тој смета дека нема простор за одложување на пописот и оти сите треба да покажат максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што, како што вели, само така податоците ќе ни бидат од корист.
„И покрај обидите за политизација на пописот, уште пред да почне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин“,
рече Милески.
На локалните власти вчера им се обрати и „тројката“ од државниот врв: претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и спикерот Талат Џафери.
Џафери за пописот: Април да покаже дека сме созреале како држава
Шилегов: Партиите да се откажат од повици за бојкот на пописот и оценување на уставноста
Методологијата за спроведување на пописот наскоро ќе биде објавена и во „Службен весник“