Според фотографиите што ги објави МВР, станува збор за возила од брендовите „порше“, бе-ем-ве, „ауди“, „форд мустанг“, „мерцедес“ и „фолксваген“
Министерството за внатрешни работи во текот на денот привремено одзело 10 возила. Причината за акцијата била пријава, дека на булеварот „Трета македонска бригада“ се одвиваат т.н. диви трки, кои предизвикуваат голема бучава.











„Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што тие се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила“,
соопштија од МВР.
Возилата, велат од МВР, ќе бидат однесени во станица за технички преглед. Таму стручни лица ќе утврдат дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот.